Санкционирани 46 возачи на електрични тротинети
Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи вчера, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 698 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), а во помала мера и по основ на Законот за возила.

Како што информира МВР, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени се 182 прекршоци, за неправилно паркирање 197 санкции, додека пак 64 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.
-За некористење сигурносен појас казнети се 27 учесници во сообраќајот, 24 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, а изречени се 49 мерки за возачи на мотоцикл заради неносење заштитен шлем. Дополнително, евидентирани се шест случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 46 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети за сторени сообраќајни прекршоци и се соочени со законски предвидените глоби, додека пак од сообраќај се отстранети осумина возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол, соопшти МВР.
Согласно Законот за возила, се додава во соопштението, вчера беа изречени четири прекршоци по основ на технички неисправни возила и 11 по основ на возила коишто не биле регистрирани.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат сообраќајните контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.