Санкции против Роман Абрамович и од ЕУ

ЕУ воведе санкции против сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челси, олигархот од Русија – Роман Абрамович. Ова е дел од новиот пакет казнени мерки против Русија.

ЕУ го додаде 55-годишниот Абрамович на ажурираната листа на поединци чии средства се замрзнати и забранети за патување поради нивната улога во руската инвазија на Украина.

Унијата објави дека Абрамович „има привилегиран пристап“ до рускиот претседател Владимир Путин и дека „одржува многу добри односи“ со него.

„Оваа врска со рускиот лидер му помогна да го задржи своето големо богатство“ – соопштија од ЕУ.

Владата на британскиот премиер – Борис Џонсон минатата недела веќе воведе санкции за Абрамович во земјата.