
Сане: Среќен сум што станав дел од Галатасарај
Досегашниот фудбалер на Баерн Минхен, Лерој Сане ги сподели емоциите по трансферот во Галатасарај.
Досегашниот фудбалер на Баерн Минхен, Лерој Сане ги сподели емоциите по трансферот во Галатасарај.
-Јас сум неверојатно среќен. Не можам да ја опишам мојата среќа. Ги слушам навивачите, а сега е сосема поинакво чувство. Сум играл овде и порано. Имаше неверојатна атмосфера, неверојатна средина. Многу сум среќен што сега ќе бидат зад мене, што ќе играм пред навивачите на Галатасарај.
Дваесет и деветгодишниот Германец ќе се пресели во Галатасарај како слободен играч.
Клубот од Истанбул вчера го најави своето најново засилување.