Сандра Булок е заморена од глума – ќе паузира!
„Толку сум исцрпена, толку заморена и повеќе не можам да носам мудри одлуки. Сакам да останам дома. Не правам услуга на никого кој инвестира во проект со тоа што велам дека сакам да останам дома затоа што секогаш брзам, во трката за следното нешто. Сакам само да бидам присутна и одговорна“.
Ова меѓудругото за американските медиуми го изјави популарната актерка Сандра Булок која напомена дека сака привремено да се тргне настрана од светот на кинематографијата за да се посвети на своите две деца – Луис (12) и Лајла (10).
Булок по 30 години кариера и педесетина филмови сака да има време и за себе.
„Работата отсекогаш била константна за мене – рече таа – и имав навистина среќа. Сфатив дека станува како мојата патерица. Беше како секогаш да отворам фрижидер во потрага по нешто што никогаш не било таму. Си реков – објасни таа – престани „тоа“ да го бараш овде бидејќи не постои. Веќе го имаш и смири ја својата душа“ – вели актерката.