Само Босна и Херцеговина со полоша минимална плата од Македонија
Евростат ги објави најновите информации за миниамлната плата во регионот. На анкета каде се споредува 2014-та со 2024-та година Македонија се наоѓа убледиво на дното, а полоши од нас се само Босанците.
Во споредба со останатите земји кандидати нашата држава е со најниска минимална плата во споредба со земјите кандидати за членки во Eвропската Унија со плата од само 327 евра.
Луксембург, Ирска, Холандија и Германија се на врвот. Пред нас е и Албанија со минималната плата од 350 евра. Нашиот северен сосед, Србија е 402 евра. Полоша од Македонија е Босна и Херцеговина каде минималецот е под 320 евра.
Во продолжение може да ја погледнете табелата.
По Германија, следуваат Франција и Шпанија. Скоро двојно повисока минимална плата се исплаќа во Хрватска (677 евра), тројно во Словенија (1.203 евра).
Минималната плата е најавено дека повторно ќе се зголеми од следниот месец.