
Само бод за Интер на дуелот со Монтереј на Светското клупско првенство
Без победник, 1:1 заврши натпреварот на Интер со Монтереј одигран рано утрово во Пасадена.
Без победник, 1:1 заврши натпреварот на Интер со Монтереј одигран рано утрово во Пасадена.
Ова беше дуел од првото коло во групната фаза на Светското клупско фудбалско првенство 2025 година.
Дефанзивецот Серхио Рамос, кој претходно играше за ПСЖ и Реал, во 25. минута постигна гол за Монтереј, за Интер погоди Лаутаро Мартинез во 42. минута.
По првото коло Монтереј и Интер ги делат 2. и 3. место на табелата во групата Е. Ривер Плата води со 3 бода. Урава е последна без освоен бод.