„Самоопределување“ освои најмногу гласови на денешните избори во Косово

Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово освои движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент, според излезните анкети.

Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово освои движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент, според излезните анкети.

На второ место е Демократската партија на Косово со 23,9 проценти од гласовите, додека на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 16,1 процент од гласовите. Алијансата за иднината на Косово е четврта со 5,8 проценти од гласовите, додека Социјалдемократската иницијатива на Косово е на петтото место со 1,1 процент од гласовите.

Другите партии заедно добија девет проценти од гласовите, според излезните анкети, презентирани вечерва на косовски медиуми.

Според овие резултати, изборниот праг од пет проценти го поминаа сите поголеми албански партии, освен Социјалдемократската иницијатива.