Самит на Берлинскиот процес

Во германскиот главен град денеска ќе се одржи самит на т.н Берлинскиот процес, на кој ќе присуствуваат претставници на шесте земји од Западен Балкан како и на Европската Унија.

Во германскиот главен град денеска ќе се одржи самит на т.н Берлинскиот процес, на кој ќе присуствуваат претставници на шесте земји од Западен Балкан како и на Европската Унија.

Берлинскиот процес за Западен Балкан започна во 2014 година на иницијатива на Германија и има за цел да ја поддржи и продлабочи економската интеграција на шесте земји од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Република Северен Македонија) и конвергенција на регионот со вредностите на ЕУ и социо-економските стандарди. Иницијативата обезбедува политичка поддршка на високо ниво и широк дофат и видливост на иницијативите за регионална соработка и поврзаните политики, како и на проектите за поврзување на ЕУ во регионот.

Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-подржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).

Првата средба во рамките на таканаречениот Берлински процес се одржа на 28 август 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел.