„Се уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со Ковид-19“. Ова е ставот на министерот за здравство – Беким Сали.
Денеска изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.
„Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците“ – вели тој.
Според Сали, еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кој што се хоспитализираат.
„Според таа состојба, ние уште не сме спремни за намалување на мерките“ – рече министерот Сали.