Сали: Побарав информации од инспекторатот дали во последните три годии се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите

Министерот за здравство Беким Сали одржа прес конференција по сторијата за клиниката „Жан Митрев“.

„Со особено внимание ја следев истражувачката сторија. Информациите ги примивме со загриженост и сакам да информирам што преземавме како министерство за здравство и останатите институции.

Испративме допис до ДСЗИ веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во болницата. Побарав информации од инспекторатот дали во последните три годии се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите.

Агенцијата за лекови Малмед иницираше вонреден и надзор во однос на тоа дали е почитувана или не е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19. Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката и овој наод ќе го добиеме уште во текот на утрешниот ден.

Третата постапка е спроведување на бараните стручни надзори во лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“.

Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и ќе го доставам до надлежните институции“, додаде тој.