Беким Сали – министерот за здравство за протестот на матичните лекари, најавен за денеска, рече дека се во постојан контакт со сите здруженија вклучени во протестот, Тој смета дека е легитимен, но не е навремен.
„Сите тие претставници на здруженијата знаат дека ние интензивно работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита и сметам дека овој ден е само за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање. Меѓутоа, тоа е легитимно право и јас ќе им се придружам. Тие денеска ќе ми бидат гости и драго ќе ми биде да ги видам во протестот како група“ – рече Сали.