„Опфатот со вакцинација против Ковид-19 е 46 отсто. Со поранешните бројки опфатот беше над 43 отсто. Тоа не значи многу, многу е битно да знаеме дека имаме сосема доволен број вакцини и ги имаме на располагање за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација“.
Ова денеска го изјави министерот за здравство – Беким Сали кој посочи дека интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани.
„Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот“ – рече Сали.