Сали: Вакцинирано е 46% од населението, може да сметаме дека сме имунизирана нација

Здравствниот кадар и вработените во КАРИЛ професионално постапиле во случајот на починатиот спортист Денис Тот“.

Ова е изјава на министерот за здравство Беким Сали, синоќа на ТВ21.

„Немил е случајот. Знам дека млад спортист починал како резултат на насилство. Меѓутоа во делот на професионалност мислам дека ниту еден од екипата на Интната помош, а ниту пак колегите во КАРИЛ немале некој професионален пропуст. Останува и судска медицина да даде извештај и тука ќе ја добиеме целосната слика. Направени се компјутерски томографи колку што и било потребно, навремено без некои детали кој што нас не наведуваат на некој можен пропуст при постапката“ – рече Сали.

Тој за процесот на вакцинација во државата истакна дека недоманешната кампања со мобилните екипи била позитивна, но незадоволителна.

„Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа во 14 локации. До тој момент имавме 1.500 до 2.000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавне до 3.500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекци за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Сереолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација“ – рече министерот Сали.