Салах е најдобар фудбалер во Премиерлигата
Фудбалскиот напаѓач на тимот на Ливерпул, репрезентативецот на Египет – Мохамед Салах е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во Премиерлигата во традиционалната анкета на Фудбалската асоцијација (FWA).
По вторпат наградата за најдобар во изборот на англиските новинари оди во рацете на ѕвездата на „црвените“ од „Енфилд“. Оваа награда Мо Салах ја доби во 2018 година.
Во анкетата за напаѓачот на Ливерпул гласале 48% од анкетираните.
На второто место според гласовите е играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Белгиецот Кевин Де Брујне, а трет е Деклан Рајс, играчот од средниот ред на Вест Хем.
Салах оваа сезона постигна 30 гола и има 14 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања.