
Салах доби понуда од неверојатни 200 милиони евра за трансфер во Саудиска Арабија
Египќанецот Мохамед Салах и натаму е мета за нов трансфер во Саудиска Арабија. Иако нема официјална потврда, синоќа се појави информација дека Ал Итихад подготвил пакет понуда за Салах од неверојатни 200 милиони евра. Но, Салах не е на продажба!
Во текот на вчерашниот ден се шпекулираше дека од Ал Итихад постојано ја зголемувале понудата, најпрво 150 милиони евра, па 175 милиони евра и да се дојде до 200 милиони евра. Нема потврда дека официјална понуда е испратена, но и да има ставот на Ливерпул е повеќе од цврст дека нема да ја продаде својата ѕвезда.
И дел од англиските медиуми објавија дека Ливерпул ниту планирал ниту ќе попушти на ‘притисоците’ за продажба на Салах, посебно во последните моменти од преодниот рок. И самиот Египќанец сака да остане во Ливерпул, поради што се чини залудни се амбициите на Саудијците.