
Фудбалерот на англиската фудбалска репрезентација, Букајо Сака, изјави дека целта на неговиот тим не е само да ја победи Франција во претстојниот четвртфинален натпревар на Светското првенство, туку да стане светски шампион, објави Л’Екип.
„Треба да верувате во тоа. Мора да влезете во натпреварувањето мислејќи:
„Можеме да победиме“. Засега сме фокусирани на натпреварот против Франција кој ќе биде многу тежок“, изјави Сака.
Според него, Англија ќе се обиде да оди понатаму за да се доближи до целта да стане шампион.
Сака изјави дека францускиот играч Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот и додаде дека англискиот тим треба добро да се подготви за да го спречи, бидејќи Мбапе е познат како многу брз играч.
„Ќе биде возбудлив натпревар. Како тим мора добро да се подготвиме за да го спречиме, а свесни сме дека Франција има повеќе квалитетни играчи“, додаде Сака, фудбалерот на Арсенал.
Во сабота од 20 часот ќе играат Франција и Англија во четвртфиналето на Светското првенство.