САД ќе ја бојадисаат оградата на границата со Мексико во црно за да го отежнат преминувањето

Трамп уште во кампањата во 2016 година вети изградба на 3.200 километри долг ѕид долж јужната граница за спречување на илегалната имиграција. Дел од оградата беше изграден во неговиот прв мандат, а тој се обврза проектот да биде целосно завршен во наредните години.

Американската влада планира целата ограда на јужната граница со Мексико да ја бојадиса во црно, за да ја направи премногу жешка за качување, изјави секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, пренесе ДПА.

Мерката е дел од засилените напори за спречување на нелегално преминување на границата.

Ноем истакна дека оградата, составена од густи метални столбови, и без тоа е „многу, многу тешка за прескокнување, речиси невозможна“, а бидејќи се протега и длабоко под земја, копањето тунели е исклучително отежнато.

Според неа, иницијативата за бојадисување е „по специјално барање“ на претседателот Доналд Трамп, со цел металната конструкција во жешки услови да стане уште понепроодна.