САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 29 април

Според документот објавен денеска на веб-страницата на ОФАК, лиценцата дозволува трансакции со меѓународните подружници и поврзани компании на Лукоил, вклучително и оние во САД, но исклучиво за набавка на стоки и услуги, техничко одржување, работење и ликвидација на бензински станици надвор од Русија.

Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) ја продолжи лиценцата што овозможува одредени меѓународни операции на компанијата Лукоил до 29 април 2026 година.

Според документот објавен денеска на веб-страницата на ОФАК, лиценцата дозволува трансакции со меѓународните подружници и поврзани компании на Лукоил, вклучително и оние во САД, но исклучиво за набавка на стоки и услуги, техничко одржување, работење и ликвидација на бензински станици надвор од Русија.

Средствата од блокираните сметки на компанијата може да се користат за одобрени трансакции. Сепак, дозволата не овозможува трансакции со руски државни финансиски институции, ниту директни преноси кон Русија.

На 22 октомври САД воведоа дополнителни санкции кон руските енергетски компании Лукоил и Роснефт, што ги усложни нивните меѓународни финансиски операции и ја отежна продажбата на странските средства без специјални дозволи.

Секоја продажба на странските подружници на Лукоил мора да добие одобрување од американското Министерство за финансии.