САД: Путин постапува изопачено во Украина

Американското Министерство за одбрана со обвинување за рускиот претседател Владимир Путин дека постапил со „изопаченост“ во неговата инвазија на Украина.

Портпаролот Џон Кирби смета дека има голем ризик мировните преговори со Путин да пропаднат поради руската агресија.

Во изјави за полските медиуми, Зеленски рече дека сака да се сретне со Путин бидејќи „еден човек одлучува за сè“ во Русија. Но, уништувањето што го оставија руските сили во окупираните области ги направи излишни сите дискусии, рече тој.

„По Буча и Мариупол, луѓето само сакаат да ги убијат. Кога постои таков став, тешко е да се зборува за било што“ – рече Зеленски.

„Мислам дека целосно не го оценивме степенот до кој (Путин) би посегнал по тој вид насилство и суровост“ – посочи Кирби.

Тој смета дека е „Тешко е да се оправда таа реторика со она што тој (Путин) всушност им го прави внатре во Украина на невини луѓе, застрелани во тилот, со врзани раце зад грб, бремени жени се убиени, болници бомбардирани“.