САД побара од владата на Курти веднаш да формира заедница на општини со српско мнозинство

Од Амбасадата сооштија дека повлекувањето на косовските срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови и има потенцијал за дополнителна ескалација на тензиите.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека маските треба да паднат и да се види дали Бриселскиот договор постои или не. Ако САД и ЕУ не можат да излезат на крај со Курти, тогаш тоа е или нивна немоќ, или нивна премолчена согласност, рече Дачиќ и посочи дека и по девет години од договорот, Косово одбива да формира Заедница на српските општини.

„Ние ќе сториме се за да се сочува мирот. Претседателот Вучиќ ги советуваше Србите да не прават ништо со што би направиле штета на српските интереси, а тоа значи да се протестира мирно, ова е еден вид народен отпор поради избегнувањето да се формира заедницата на српски опшини и да се наметне независно Косово на целата територија односно на северот на Косово. Но, од друга страна Србија ќе биде одлучна во заштита на нашиот народ доколку дојде до загрозување на безбедноста.“- Ивица Дачиќ, Министерот за надворешни работи на Србија.

Од денеска на северот на Косово и Метохија нема српски полицајци. Тие вчера и формално ги поднесоа оставките, покрај нив органите на локалната самоуправа останаа без администрација, а 150 вработени во правосудните институции, денеска и официјално ги нашуштија работните места.

– „Во судот останаа нашите колеги Албанци судии и административни работници, а сите Срби админимистративни работници и сите судии си поднесоа оставка…Целото утро се договаравме со колегите, наравивме добар план за да не се пропуштат роковите и се да биде како што треба. Нашите колеги Албанци ги преземаа нашите предмети кои се од итна природа и во овој момент мислам дека имаат голем проблем како сето тоа ќе го организтаат. За жал, ние се потрудивме на сите да им помогнеме колку можеме во текот на целото утро. Со нашите колеги никогаш не сме имале ниту еден проблем.“

Во меѓу време косовскиот премиер Албин Курти изјави дека обидите на Белград да предизвика криза нема да успеат, затоа што Косово е „силна демократска држава и е на страната на САД, на НАТО и на Европската Унија“.