Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на американска воена опрема на Украина во проценета сума од 100 милиони долари, соопшти денеска Пентагон.
Во соопштението се вели дека Стејт департментот ја одобрил и потенцијалната продажба на опрема за програмата за копнено надгледување на НАТО, како и поддршка и помошна опрема за таа програма во проценета сума од 250,2 милиони американски долари.
Главен продавач на воена опрема ќе биде американската одбранбена компанија Нортроп Груман, се наведува во соопштението.