
САД најавуваат засилена борба против шверцот на луѓе на границата со Канада
- Бидете сигурни: ако шверцувате луѓе, ќе бидете откриени, гонети и изведени пред правдата, без разлика каде се наоѓате, изјави американската главна обвинителка Пем Бонди на прес-конференција во Флорида.
Министерството за правда на САД соопшти дека ќе ги прошири напорите за борба против шверцот и трговијата со луѓе долж границата со Канада, поради влошената ситуација во тој регион, пренесе ДПА.
– Бидете сигурни: ако шверцувате луѓе, ќе бидете откриени, гонети и изведени пред правдата, без разлика каде се наоѓате, изјави американската главна обвинителка Пем Бонди на прес-конференција во Флорида.
Министерството соопшти дека Заедничката работна група Алфа, формирана од администрацијата на Џо Бајден за борба против мрежите за шверц и трговија со луѓе, ќе го прошири своето дејствување на североисточната граница на САД со Канада, конкретно во Њујорк и Вермонт.
Бонди истакна дека криминалните картелите, покрај на јужната граница, долго време дејствуваат и на северната. – Секогаш било така, но сега ситуацијата е многу полоша и почеста, рече таа, додавајќи дека шверцот на дрога, оружје и луѓе е бизнис од повеќе милијарди долари.
Кога беше формирана во 2021 година, Заедничката работна група Алфа имаше задача да се бори против „најпрофитабилните и најопасните групи за шверц и трговија со луѓе“ во Мексико, Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас. Во 2024 година беа додадени Панама и Колумбија. Според податоците на американската Царинска и гранична служба, од 2023 година е забележан пораст на активностите за трговија со луѓе меѓу американските држави Њујорк и Вермонт и Канада.