„САД и Курти се виновни за хаосот во Косово“

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел денеска оцени дека лошата ситуација во регионот, особено меѓу Белград и Приштина, е резултат на тоа што САД и ја отстапи иницијативата на Европа за решавање на Косовскиот проблем, како и привремениот премиер на недопрените институции, Албин Курти не ги сноси последиците за своите постапки.

Тој за РТС изјави дека треба да ги погледнеме фактите и да споредиме каква била ситуацијата на Косово во времето на Трамп, а каква е сега кога американски претседател е Џо Бајден.

„Мислам дека е сосема јасно дека со спроведување на економските договори се обидувавме да донесеме економски развој и работни места кај младите луѓе, да внесеме западни компании и инвестиции, да ги отвориме границите и сега дојдовме до хаос поради кој гледаме дека силите на НАТО мора да интервенираат.Таа промена беше Албин Курти“, рече Гренел.