
САД и Кина ги започнаа трговските преговори во Куала Лумпур
Двете економски суперсили се обидуваат да ја завршат својата трговска војна, наведуваат американски медиуми.
Делегации од Кина и САД се состанаа денеска во малезискиот главен град Куала Лумпур на разговори за економски и трговски прашања.
Двете страни ќе одржат консултации за главните прашања поврзани со економските и трговските односи, во согласност со важниот консензус постигнат од шефовите на државите на двете земји за време на нивните телефонски разговори оваа година, изјави во четвртокот портпаролот на кинеското Министерство за трговија.
Кинеската делегација ја предводи кинескиот вицепремиер Хе Лифен, кој е и член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.
Двете економски суперсили се обидуваат да ја завршат својата трговска војна, наведуваат американски медиуми.