
САД изврши напади на ИСИС во Нигерија
„Вечерва, по моја команда како врховен командант, САД започнаа моќен и смртоносен удар против терористичката банда на ИСИС во северозападна Нигерија, која ги таргетира и брутално убива, првенствено, невини христијани, на нивоа невидени со години, па дури и векови!“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
САД извршија воздушни напади врз милитантите на Исламска држава (ИСИС) во северозападна Нигерија, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека групата ги напаѓа христијаните во регионот.
„Вечерва, по моја команда како врховен командант, САД започнаа моќен и смртоносен удар против терористичката банда на ИСИС во северозападна Нигерија, која ги таргетира и брутално убива, првенствено, невини христијани, на нивоа невидени со години, па дури и векови!“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
„Претходно ги предупредив овие терористи дека ако не го спречат колежот на христијаните, ќе платат висока цена, а вечерва го сторија тоа“, рече Трамп.
Африканската команда на САД објави дека нападот е извршен на барање на нигериските власти и дека во него се убиени неколку милитанти на ИСИС.
Трамп почна да предупредува кон крајот на октомври дека христијанството се соочува со „егзистенцијална закана“ во Нигерија и се закани со воена интервенција во западноафриканската земја поради, како што вели, нејзиниот неуспех да го спречи насилството насочено кон христијанските заедници.
Нигериската влада изјави дека вооружените групи ги напаѓаат и муслиманите и христијаните, а тврдењата на САД дека христијаните се соочуваат со прогон не ја претставуваат сложената безбедносна ситуација и ги игнорираат напорите за заштита на верските слободи. Но, се согласи да соработува со САД за зајакнување на своите сили против милитантните групи.