САД ги прогласи Хутите за „странска терористичка организација“

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прогласи јеменското движење на Хутите, познато под името „Ансар Алах“ за странска терористичка организација, соопшти Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прогласи јеменското движење на Хутите, познато под името „Ансар Алах“ за странска терористичка организација, соопшти Белата куќа.

Со тоа предвидени се построги санкции, од тие што беа воведени од администрацијата на Џо Бајден, кон Хутите како одговор на нејзините напади врз комерцијалните бродови во Црвено Море и врз американските воени бродови, кои го штитат критичниот морски коридор.

– Активностите на Хутите ја загрозуваат безбедноста на американските цивили и персоналот на Блиски Исток, безбедноста на нашите најблиски регионални партнери и стабилноста на глобалната поморска трговија, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Исто така се посочува дека САД ќе соработува со регионалните партнери „да се елиминираат способностите на Ансар Алах, да се лишат од ресурсите и со тоа да се прекинат нападите врз американскиот персонал и цивилите, врз американските партнери и врз бродовите во Црвено Море“.