Државната полиција во Пенсилванија идентификуваше еден убиен и еден тешко ранет од вооружен маж кој упадна во касарна на државната полиција и отвори оган, а подоцна беше убиен по потера.
Со убиството и ранувањето на полицајците, билансот на престрелките во Пенсилванија кои се случија деновиве се искачи на шест смртни случаи.
Убиен е полицаецот Жак Рузо Јуниор (29), а поручникот Џејмс Вагнер (45) е тешко ранет, додека напаѓачот Брендон Стајн (38) од Томпсонтаун побегнал, но по потерата е успешно ликвидиран, соопшти полицијата.