
САД воведоа санкции за компании од Кина, Индија, Турција и ОАЕ поради врски со Русија
Санкциите опфаќаат над 20 кинески компании, три турски, две од ОАЕ, една индиска, една иранска и една сингапурска. Министерството наведува дека нивното делување е „спротивно на националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД“.
Министерството за трговија на САД стави на список за санкции повеќе десетици компании од Кина, Индија, Турција и Обединетите Арапски Емирати, обвинувајќи ги за испорака на производи во Русија, се наведува во документ објавен во Федералниот регистар.
Санкциите опфаќаат над 20 кинески компании, три турски, две од ОАЕ, една индиска, една иранска и една сингапурска. Министерството наведува дека нивното делување е „спротивно на националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД“.
Меѓу санкционираните е и кинеската „Шангаи Фудан Микроелектроникс“, која според Вашингтон ја снабдувала со компоненти руската воена индустрија. Под удар се и фирмите „HAS General Trading LLC“ од ОАЕ, индиската „AR Sales Pvt“, како и турските „Atempo“, „EB Teknoloji“ и „Dentun Elektronik“.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на 7 септември порача дека Вашингтон е подготвен да го засили притисокот врз Москва, но очекува поддршка и од европските партнери.