Соединетите Држави и нивните сојузници веруваат дека се неизбежни големи ракетни или беспилотни напади врз Израел од страна на Иран или неговите сојузници, пишува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Потенцијален напад, со употреба на високопрецизни ракети, наводно би можел да се случи во наредните денови, тврдат изворите, додавајќи дека прашање е само кога Иран директно или индиректно ќе го нападне Израел, а не дали ќе го нападне.
Тие наведуваат дека нападот врз Израел не мора нужно да дојде од север, каде што се наоѓа Хезболах – сојузник на официјален Техеран во Либан.