Савески: Политиката никогаш не била во мој интерес, секој предмет ќе има еднакво значење

„Најпрво да се заблагодарам на судиите, за сите убави моменти поминати, потоа на Владата која ме предложи и на пратениците кои ме поддржаа. Благодарност до сите пратеници кои покрај поддршката со гласањето за моето именување, и на сите пратеници генерално кои имаа коректни ставови. Тоа за мене е голема одговорност. Го познавам обвинителскиот состав и верувам во нив, и заедно со нив ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, Устав и закон постапуваме ние јавните обвинители. Да бидам искрен очекував поширока поддршка. Секој кажан збор во поглед на вчерашната расправа, секој збор беше од големо значење. Товар не чувствувам, политиката е на политичките партии, никогаш не била мој интерес, ниту во минатото, ниту во иднина. Без оглед колку гласови сум добил, одговорноста зависи од тоа што како законска обврска е предвидено. Пред себе сум го имал Уставот, законите и меѓународните стандарни и сите меѓународни документи кои се дел од нашиот правен поредок“, изјави Савески.

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, стапи на новата функција, а од Собранието вети работа и дека нема да дава приоритети на предмети.

„Најпрво да се заблагодарам на судиите, за сите убави моменти поминати, потоа на Владата која ме предложи и на пратениците кои ме поддржаа. Благодарност до сите пратеници кои покрај поддршката со гласањето за моето именување, и на сите пратеници генерално кои имаа коректни ставови. Тоа за мене е голема одговорност. Го познавам обвинителскиот состав и верувам во нив, и заедно со нив ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, Устав и закон постапуваме ние јавните обвинители. Да бидам искрен очекував поширока поддршка. Секој кажан збор во поглед на вчерашната расправа, секој збор беше од големо значење. Товар не чувствувам, политиката е на политичките партии, никогаш не била мој интерес, ниту во минатото, ниту во иднина. Без оглед колку гласови сум добил, одговорноста зависи од тоа што како законска обврска е предвидено. Пред себе сум го имал Уставот, законите и меѓународните стандарни и сите меѓународни документи кои се дел од нашиот правен поредок“, изјави Савески.

Во однос на предметите, новиот јавен обвинител рече дека нема да прави приоритети на предмети.

„Кажав дека секој предмет има еднакво значење. Нема да правам приоритети на предмети, само според законски основ на оние предмети кои ќе имаат приоритет. Јавноста вклучително тука и политичката јавност, има право да има очекувања, имаат право да го коментираат постапувањето на јавните обвинители“, рече Савески.

Савески кажа дека сега ќе се сретне со јавните обвинители, и најави дигитализација и модерназација на Јавното обвинителство.

„Прво да се сретнат со јавните обвинители, да ме запознаат со состојбите, она што е оставено како приоритет да се почне. Мојот план за работа, и претходно истакнав е модернизација на ЈО со дигитализација со управување со предметите, преку која програма би се следела и работата на секој јавен обвинител поединечно, и транспаретноста и отчетноста. Секој јавен обвинител ќе има обврска да одговори на она на кое јавноста бара одговор“, заклучи новиот државен јавен обвинител.