Сава се излеа во Загреб

Реката Сава се излеа денеска во Загреб, но овојпат не се работи за излевање само кај мостовите, туку по течението на реката.

Според податоците на Хрватске вода, порастот на водостојот е евидентен во последните 48 часа, јавуваат хрватските медиуми.

Во 10 часот во Загреб нивото на водата на Сава е измерено на 292 сантиметри, пренесува Index.hr.

Сите водостои на реката Купа низводно од Карловац се во благ пад од синоќа, но пораст се уште има во Карловац и приградската населба Бродарци, а од утринава во градот е во сила редовна заштита од поплави, извести Управата за цивилна заштита.

Водостојот на Купа во Карловац утринава изнесуваше +702 сантиметри со покачување од пет сантиметри, поради што од 7 часот се на сила редовни мерки за заштита од поплави.

Според прогнозата на хрватските води, нивото на водата во Карловац во текот на денот треба да достигне 750 сантиметри, објави Index.hr.

Во тој реон се затворени дел од патиштата, а сообраќајот се одвива во алтернативни правци.