Сабаленка ја одбрани титулата на УС Опен

Белорусинката Арина Сабаленка е повторно шампионка во Њујорк, откако вечерва успеа да ја одбрани минатогодишната титула со победата над Американката Аманда Анисимова.

Белорусинката Арина Сабаленка е повторно шампионка во Њујорк, откако вечерва успеа да ја одбрани минатогодишната титула со победата над Американката Аманда Анисимова.

Во првиот сет Сабаленка сервираше одлично и успеваше да остане смирена, а Анисимова имаше премногу исфорсирани грешки под притисокот кој го чувствуваше за сензација на домашен терен.

Во вториот сет при сервис на Сабаленка за титула, на резултат 5-4, Анисимова успеа на кратко да направи пресврт и да поведе со 6-5, но Арина не дозволи изненадување и беше одлична во тај-брејкот.

Крајниот резултат беше победа на Белорусинката со 2:0, односно 6-3, 7-6 во сетови. Со оваа победа, Сабаленка стана првата жена која успеала да ја одбрани титулата, уште од 2014 година, кога тоа го направи Серена Вилијамс.

Ова е огромен успех за Сабаленка и прва Гренд Слем титула годинава (четврта во нејзината кариера), со што ја зацврсти својата позиција на врвот на ВТА листата, откако претходно изгуби на другите Гренд Слем турнири, и тоа во финалето на Отвореното првенство во Австралија од Кис, на Роланд Гарос во финалето од Коко Гауф и во полуфиналето на Вимблдон токму од Анисимова.