Сабаленка е против формат од пет сета во женскиот тенис

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка изјави дека се противи на воведување формат на натпревари од пет сета во женскиот тенис на грен слем турнирите, како што е тоа случај во машка конкуренција, бидејќи верува оти таквата промена значително би го зголемило ризикот од повреди.

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка изјави дека се противи на воведување формат на натпревари од пет сета во женскиот тенис на гренд слем турнирите, како што е тоа случај во машка конкуренција, бидејќи верува оти таквата промена значително би го зголемило ризикот од повреди.

„Веројатно физички сум еден од најсилните тенисерки, па можеби тоа би ми одговарало. Но, не мислам дека сум подготвена да играм пет сетови“, рече Сабаленка откако вчера победи во два сета во првото коло на Вимблдон.

Во женскиот тенис, сите натпревари се играат до два добиени сета, додека во машка конкуренција, гренд слем турнирите се играат до три добиени сета, а на другите турнири до два.

Иако нема сериозна иницијатива за промена на форматот, прашањето дали жените треба да играат пет сетови во гренд слем финалињата повремено се поставува во јавноста.

„Мислам дека е премногу за женското тело. Не сме подготвени за толку многу тенис и верувам дека тоа би го зголемило бројот на повреди. Тоа не е опција за која треба да размислувам“, додаде Сабаленка.