
Сабаленка донесе шокантна одлука откако нејзиното момче се самоуби
Арина Сабаленка, втората тенисерка во светот, сепак ќе настапи на Мастерсот во Мајами, иако се соочи со смртта на своето момче.
Нејзиното момче и поранешен хокеар Константин Колцов се самоуби во вторникот. Како што потврдија од полицијата во Мајами, тој скокнал од тераса.
Белорусинката планирала да го игра Мастерсот во Мајами, а како што објави „Tennis Channel US“, планот не се променил по трагедијата.
Засега Сабаленка не објави ништо за овој случај.
Константин играше за репрезентацијата на Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина делови од три сезони со Питсбург пингвинс од 2002 и 2006 година.
„Со длабока тага ве известуваме дека тренерот на Салават Јулаева, Константин Колцов, почина“, се вели во соопштението на клубот на Салават Јулаева, чие седиште е во рускиот град Уфа.
Колцов и Сабаленка се во врска од 2021 година.