
Руте потсети на член 5 од Вашингтонскиот договор
-Никој никогаш не треба да помисли да нè нападне. Член 5 од Вашингтонскиот договор е непоколеблив и секој што ќе се обиде да направи нешто, ќе се увери во тоа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-Никој никогаш не треба да помисли да нè нападне. Член 5 од Вашингтонскиот договор е непоколеблив и секој што ќе се обиде да направи нешто, ќе се увери во тоа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Тој истакна министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на утрешниот состанок ќе разговараат за значително зголемување на расходите за одбрана и стекнување дополнителни капацитети.
Според него, секоја земја-членка мора сама да одлучи како да обезбеди значително зголемување на трошоците за системи за воздушна одбрана и оружје со долг дострел – со зголемување на даноците, на долгот или на друг начин.
Руте очекува дека сите сојузници годинава ќе одвојат два проценти од бруто домашниот производ за одбраната.
Напорите на НАТО не се насочени кон продолжување на војната во Украина, туку земјата да може сами да се одбрани. Ние целосно ги поддржуваме напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување траен и праведен мир. Одлуката на Вашингтон од минатата година да им даде на Украинците неповратен пат кон приклучување кон НАТО останува во сила. На Украина никогаш не ѝ било ветено дека тоа ќе биде дел од мировниот договор или од договорот за прекин на огнот, посочи Руте.