Руте „внимателно оптимистичен“ за разговорите меѓу Украина и Русија
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека гледа можности за напредок во завршувањето на војната во Украина, и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин не присуствува на разговорите во Истанбул.

– Сè уште сум внимателно оптимистичен … дека би можело да се постигне некаков пробив во следните неколку недели, изјави Руте на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во турскиот град Анталија.
Сепак, Руте рече дека разговорите ќе напредуваат само ако Русите се појават со релевантна делегација, пренесе ДПА.
– Топката сега е јасно во дворот на Русија. Тие мора да објаснат што прават, зошто се тука или не, нагласи Руте.
– Украина е подготвена да се посвети на прекин на огнот и итни преговори. Тоа е апсолутно јасно, додаде тој.