Холандскиот премиерот Марк Руте изјави дека Западен Балкан, вклучително и Албанија, напорно работи на влез во Европската унија. Руте при вчерашната посета на Рама на Холандија рече дека Албанија ја има целосната поддршка од Холандија во процесот на европска интеграција.
„На самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, ЕУ ја потврди својата посветеност. Што се однесува до забелешката на Еди Рама потоа, мислам дека тој беше во право – не беше успешна средба. Треба да направиме повеќе. Знаеме дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Албанија, работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и Албанија ја има целосната поддршка од Холандија. Проблемот овде е Северна Македонија и благодарение на француските напори има нов момент во процесот на пристапување кој ја погодува и Албанија. така што двете земји, барем политички, се поврзани. Го поддржуваме францускиот предлог за отстранување на пречките што ги блокираат Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи“ – рече Руте.
Руте рече дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и изрази оптимизам дека зејава ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ. Сепак, ако Северна Македонија го одбие предлогот, Руте нагласи дека Албанија ќе има уште поголема поддршка од европските земји на нејзиниот независен пат кон ЕУ.
„Доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе има поголема поддршка од другите земји сама да продолжи на патот, но се надевам дека тоа нема да биде потребно“ – рече Руте.