
Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен
Отворените извори укажуваат дека во наредните години Русите може да се обидат да направат нешто глупаво. Мора да се погрижиме доколку (рускиот претседател Владимир) Путин нападне сега или во блиска иднина, одговорот да биде разорен, истакна Руте одговарајќи на прашање за распоредувањето на руски воени сили на финската граница.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека Русија произведува четирипати повеќе муниција од земјите-членки на НАТО.
– Отворените извори укажуваат дека во наредните години Русите може да се обидат да направат нешто глупаво. Мора да се погрижиме доколку (рускиот претседател Владимир) Путин нападне сега или во блиска иднина, одговорот да биде разорен, истакна Руте одговарајќи на прашање за распоредувањето на руски воени сили на финската граница.
Руте наведе дека по завршувањето на војната во Украина важно е Путин повторно да не направи слично.
– Подобрувањето на нашите одбранбени способности е нашата главна мисија. Сојузниците мора да ги зголемат трошоците за одбрана, ова е клучна задача пред Самитот на Алијансата во Хаг следниот месец, посочи Руте.