Рустеми: Средства за коридорите 8 и 10 Д да се искористат според планираното, без непотребни пречки или одложувања

-Не можеме, а да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротиставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување денеска го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за поврзување на нејзините врски со регионот и со Европа. Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните и секојдневните резултати ги убедува тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас, не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка, рече Рустеми.

Демократска унија за интеграција (ДУИ) изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10Д продолжуваат и покрај тоа што истите се реализираат од Влада без етнички легитимитет, истакна на денешната прес-конференција Ејуп Рустеми од ДУИ, кој претходно беше и директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Тој вели дека изградбата на Коридарите 8 и 10 Д само го потврдуваат нивниот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура.

-Не можеме, а да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротиставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување денеска го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за поврзување на нејзините врски со регионот и со Европа. Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните и секојдневните резултати ги убедува тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас, не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка, рече Рустеми.

Тој додаде дека наспроти критиките, тие како ДУИ бараат овој важен проект успешно да се реализира.

-Исто така ДУИ апелира за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојчани, оценувајќи го тоа како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8. ДУИ бара предвидените средства за овој проект да се искористат според планирањето, без непотребни пречки или одложувања. Овој проект го носи печатот на Демократска унија за интеграција, го носи печатот на нашата посветеност за заедничкото добро и за подобра иднина на Северна Македонија, рече Рустеми.