Претседателот на Русија – Владимир Путин му се извинил на израелскиот премиер Нафтали Бенет за скандалозната изјава на неговиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров.
Лавров во интервју во неделата рече дека Адолф Хитлер имал еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.
Следуваше реакција од Израел која беше етикетирана како непростлива и скандалозна, а на разговор беше повикан и рускиот амбасадор во Израел.
Веста за извинувањето од руска страна ја сподели израелскиот новинар, Барак Равид, кој се повикува на соопштение од кабинетот на израелскиот премиер: