Русковска со жалба до Советот на јавни обвинители
Обвинителка Вилма Русковска денеска ќе поднесе жалба од републичкиот обвинител Љубомир Јовески поради тоа што ја оддалечи од работното место и ѝ покрена дисциплинска постапка.
Јавното обвинителство пред неколку дена соопшти дека е поведена дисциплинска постапка за тројца обвинители за кои „постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“.
Случувањата во обвинителството доаѓаат по претресот во Управата за финансиска полиција по што следуваа низа јавни препукувања меѓу директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, и обвинителката Русковска.
Додека трае суспензијата ќе ја менува обвинителката Лиле Стефанова.