Вилма Русковска – шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција останува супспендирана на работното место, откако Советот на јавни обвинители не ја прифати нејзината жалба.
Против нејзината жалба гласаа сите членови на Советот – Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски, Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова.
Русковска е суспендирана откако доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција.
Таа ја поднесе жалбата минатата недела и изјави дека е убедена дека ги има сите аргументи, меѓу кои и дека може да изврши претрес во „финансиска полиција“ по анонимна пријава.
Во меѓувреме оставка си поднесе и директорот на финансиска полиција, Арафат Муареми.
За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата.