Русковска и официјално осомничена, но не се откажува – конкурирала за шеф на Организиран криминал

Обвинителката, како што соопшти, се гони за наводна злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 1 и за наводно фалсификување докази. Таа сподели дека утрово во ОЈО Скопје исказ давала нејзината колешка Елизабета Јосифовска, а утре тоа треба да го стори и обвинителката Ивана Трајчева, а во пријавата е ставена и обвинителката Сузана Мирчевска-Кузмановска, за што, како што додаде Русковска, првпат слушнала денеска.

„Истрага е затоа што предметот е заведен во уписникот како КО, а не во уписникот РО и бев сослушана во својство на осомничена“, рече Русковска и посочи дека на целата постапка што се води против неа гледа како на притисок врз неа и нејзините колеги да внимаваат против кого отвораат постапки.

Таа соопшти дека конкурирала на огласот што неодамна го распиша Советот на јавни обвинители и оти очекува да ја добие поддршката од колегите, со оглед на тоа што сега идниот шеф на ОЈО ГОКК ќе го избираат сите обвинители на непосредни избори со гласање.

Обвинителката Вилма Русковска, која е времено суспендирана од позицијата шеф на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), се гони во својство на осомничена во случајот што го отвори Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, по кривичната пријава што ексдиректорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја поднесе против неа и нејзини колешки.

Ова, како што соопшти Русковска во изјава за новинарите по завршувањето на распитот во Обвинителството, значи дека предметот е веќе во фаза на истрага. Обвинителката, како што соопшти, се гони за наводна злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 1 и за наводно фалсификување докази. Таа сподели дека утрово во ОЈО Скопје давала исказ нејзината колешка Елизабета Јосифовска, а утре тоа треба да го стори и обвинителката Ивана Трајчева, а во пријавата е ставена и обвинителката Сузана Мирчевска-Кузмановска, за што, како што додаде Русковска прв слушнала денеска.