Русковска: Имаме најголеми плати, ама нема интерес да се работи во ова Обвинителство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОJO ГОКК) треба да има 20 обвинители, а имаме 6 обвинители помалку.

Ова денеска го изјави шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска. Таа рече дека нема големо влијание зашто нејзините колеги предметите ги работеле и попладне.

„Иако имаме најдобри плати, за работа во нашето обвинителство се пријавија само четири обвинители. Изненадена сум. Вложив многу напори во обвинителството, имаме и најдобри плати, а сепак, за работа кај нас се пријавија само четворица обвинители, од кои двајца на кои им е истечен мандатот“ – рече Русковска.

На прашањето до каде е истрагата за поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири и дали ќе биде побарано продолжување на притворот, таа одговори:

„Да, ќе бараме продолжување на притворот. А до каде е предметот за Зекири, во моментов не можам да дадам прецизен одговор“.