Руски фабрики за дронови погодени од украински дронови

Две фабрики за дронови во близина на Москва се погодени во голем украински напад со дронови, јавија денеска локалните медиуми, пренесе ДПА.

Две фабрики за дронови во близина на Москва се погодени во голем украински напад со дронови, јавија денеска локалните медиуми, пренесе ДПА.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека една од целите се наоѓала во градот Зеленоград, северозападно од главниот град.

Засега нема извештаи за жртви или сериозна штета, објави тој на Телеграм.

Руските канали на Телеграм јавија дека фабрика за дронови е погодена и во градот Дубна, на околу 80 километри северно од Москва.

Според ДПА руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта, 296 украински дронови биле пресретнати над руска територија.

Бројките не можат да се потврдат од независни извори.

Операциите на неколку аеродроми во Москва и во други градови беа привремено прекинати поради нападите со дронови.

Во меѓувреме, на терен во Украина, осум лица биле повредени во близина на градот Харков во текот на ноќните руски напади со дронови, соопштија регионалните власти.

Според украинските воздухопловни сили, руските сили исто така лансирале пет балистички ракети Искандер-М, но последиците засега се нејасни.