Властите во Украина излегоа со тврдење дека руски трупи ја ограбиле и уништиле лабораторијата во нукларната централа „Чернобил“, пренесува „Би-Би-Си“.
Државна агенција за управување со зоните на исклучување сооштиле дека руските војници ангажирани во акциите кај Припјат ја оштетиле Централната аналитичка лабораторија во централата каде се обработувал радиоактивен отпад. Агенцијата на „Фејсбук“ објави дека во лабораторијата имало „многу активни примероци радионуклиди, што сега се во рацете на напријателот“.
Лабораторијата вредна околу 6 милиони евра поседувала и „вредна аналитичка опрема“ каква што нема во Европа, тврдат од Агенцијата.
Нуклеарната централа „Чернобил“ каде во 1986 година се случи најголемата нукеларан несреќа во историјата на човештвото, не е повеќе оперативна, но местото на експлозијата бара постојан надзор.