Руски православни свештеници бараат „да запре војната“

Над 280 руски православни свештеници потпишаа отворено писмо во кое бараат да се стави крај на „братоубиствената војна“ во Украина.

„Жалиме за тешкото искушение на кое незаслужено се изложени нашите браќа и сестри во Украина. Последниот суд го чека секој човек“ – се вели во писмото потпишано од 284 руски православни свештеници, протоереји и ѓакони.

„Ниту еден земен авторитет, ниту лекари, ниту чувари нема да штитат од овој Суд. Загрижени за спасението на секој човек кој се смета себеси за дете на Руската православна црква, не сакаме тој да се појави пред Последниот суд, носејќи го тешкиот товар на мајчинските клетви“, пишуваат тие.

Свештенството дополнително жали за поделбите што ги отвори тековниот конфликт, пишувајќи: „Нè растажува кога мислиме на јазот што нашите деца и внуци во Русија и Украина ќе треба да го премостат за да почнат повторно да бидат пријатели, да се почитуваат и сакаат едни со други“.

„Запрете ја војната“, се заклучува во писмото.