Руски напад врз Миколаев на југот на Украина, едно лице загина, над 20 ранети

428-от ден од војната започна со руско гранатирање на Миколаев, град во јужна Украина, а украинските власти соопштија дека едно лице загинало, а повеќе од 20 луѓе се ранети, меѓу кои и едно дете.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од нападот врз Миколаев, наведувајќи дека четири високопрецизни проектили лансирани од Црното Море биле насочени кон приватни куќи и катна зграда.

Зеленски го нарече нападот, за кој Русија сè уште не го коментираше, злосторство против човештвото.

Двете страни, како и аналитичарите на Американскиот институт за проучување на војната, известуваат дека во изминатите 24 часа, четите на руската платеничка група Вагнер постигнале мал напредок на различни места во Бахмут, град во Донбас.

Битката за Бахмут траеше повеќе од 14 месеци и стана најкрвавата во војната досега.