(Видео) Руски капитал, британски фасади и македонски молк: Виктор Грозданов отвора фронт

Во време на затегнати воено-политички процеси рудните ресурси се значаен потенцијал за државата. Наш хендикеп е што сите рудници во Македонија се во сопственост на странски тајкуни со руско-бугарско деловно портфолио. Во серија написи се огласи и Виктор Грозданов, аналитичар, колумнист, инженер за екстрактивна металургија, кој остро ги критикуваше двете верзии од стратегијата за минерални суровини на МАНУ.

Во време на затегнати воено-политички процеси рудните ресурси се значаен потенцијал за државата. Наш хендикеп е што сите рудници во Македонија се во сопственост на странски тајкуни со руско-бугарско деловно портфолио. Во серија написи се огласи и Виктор Грозданов, аналитичар, колумнист, инженер за екстрактивна металургија, кој остро ги критикуваше двете верзии од стратегијата за минерални суровини на МАНУ.

Тој смета дека нема квантификација на вредностите на минералните со кои располага нашата држава и објавува дека таа вредност е најмалку над 20 милијарди евра во експлоатација.

„Мислам дека една сериозна научна институција на една сериозна научна институција на која што сме и дале голема доверба како што е МАНУ треба да ги има на располагање сите геолошки истражувања, да дојде до вредностите во тој дел и да ги собере од Министерството за економија или од Министерството за енергетика рударство, минерални суровини. Паушални процени од типот дека имаме толку и толку милиони руда, збориме за металични суровини во овој момент коишто се наоѓаат исклучиво на територијата на источна Македонија и каде што голема светска сила како што е Велика Британија не стави на патот за бакарот, бидејќи на патот за бакарот ние се делиме помеѓу руската федерација и Комонвелтот. И овој кредит кој го зема Македонија не е ништо случајно и они ќе сакаат да ја експлоатираат бакарната руда и Македонија да просперира од бакарот, златото и среброто кое го поседува и тоа е токму во источна Македонија. Другите делови немаат металични суровини. И тоа не е случајно. Сметам дека МАНУ ги крие податоците.

-Јас имав средба којашто беше иницирана од нивниот соработник г-дин Александар Дединец, но моите професори од технолошко-металуршкиот факултет, каде што барам да има средба бидејќи нема ниту еден технолог и металург вклучен во стратегијата а за екстракцијата на метали и неметали битен е токму овој факултет, воопшто не се воодушевени ниту возбудени од мојата средба. Блаже Боев ќе треба многу сериозно да објасни зошто факултетот се заобиколува. Јас ќе ви прочитам сега нешто:

-Милионерот Александар Бронштајн откако собра капитал од рускиот алуминиум почна да инвестира во бизнисот со феролегури ширум светот. Неговиот главен интерес се нагласените средства во државите со тешки финансиски и политички ситуации Украина, Македонија и тн. На пример во Гватемала Солвеј Груп припаѓа на компанија Гватемалика де никел. Во Македонија бронштајните се здобија со два стари рударски погони – тоа се инаку Саса и Бучим и една фабрика за феролегури за затварање. Трошоците се околу 100 милиони евра и се исплатиле во првите неколку години по лансирањето на компаниите. Интересно е тоа што лиценците почнаа да им се одземаат на ривалите на Солвеј груп (руски капитал) под притисок на локалните активни екологисти. Еден од поактивните на ова поле беше Крум Велков кој е отворен промотор на интересите на Руската федерација во Македонија. Велков и неговиот вработен Ангел Наков спроведуваат активности против западните рударски компании како што се Канадиан резервоар минералс или украинско-англиската Сардич. Тој ги подржува локалните невладини организации кои го напаѓаат проектот од рудникот за бакар и злато Иловица. Сите овие проекти во моментов се суспендирани“.

На овие што ги споменувам во текстот погоре другар им е личност чиј татко во ’69-та го кодошеше Драган Богдановски. Играат за Советскиот сојуз. Целта е – не може да влезе друг странски капитал освен руски. Јас нема ништо против Русите. Имаат они проблем. Знаете каде е проблемот? Јас сум соработува со луѓе кои работеле во Москва и свртеле милиони евра и викаат вака: На Русин немој да му вети дека нешто можеш да му исполниш. Доколку можеш да му исполниш, а не му го исполнуваш, можда и ќе поминете лесно, а ако не можеш да му исполниш а си му земал пари за таа работа – е тоа е веќе голем проблем.

-Иловица е најголемиот рудник во Југоисточна Европа за бакар и за злато и сега тоа треба да биде наоѓалиште а Бучим да сака да го откупи. Односно он по закон од чедото на кодошот кој го сменил законот во 2017-та година да сака да го купи наоѓалиштето, вели Грозданов.

Околу тоа дека во самиот вовед на конечната верзија на стратегијата за минерални суровини се посочува дека Европската комисија предлага зголемување на домашната експлоатација на критичните минерални суровини и што од тоа поседува Македонија покрај бакарот, среброто, оловото, ретките метали потребни за модерните технологии, Грозданов вели дека затоа постои Геолошки завод кој не може да молчи.

-Затоа постои и Македонска асоцијација за рударство, но бидејќи тие се под директна ингеренција на Солвеј груп кои сега се претставуваат дека се Британци )значи од Руси – Британци), тие молчат. Тие не кажуваат што имаме ние и што е најтрагично имаме Сектор за рударство којшто ја држи во информативен мрак министерката Сања Божиновска. Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на Македонија ја држи министерката во мрак. . И на сето тоа МАНУ мисли дека ќе пројде така.

-Извинете другари, не може да го прогласиш рудникот Бучим дека е рудник за бакар. Рудникот Бучим бил за бакар и за злато. Што и да мислиме за Чифлиганец, што и се да не му измислија, во неговите монографии јасно и недвосмислено пишува дека со златото на Бучим е направен златниот македонски денар, со златото на Бучим е отворен Голдмак со којшто во ’92 година удрил лопати со Киро Глигоров. Со златото на Бучим доделувал 13-та плата. Златото на Бучим го носел во рудникот Бор, во топилницата го топеле златото и го враќале назад. Златото од Бучим прво правило е дека мора д асе продаде на Народна банка на Република Македонија и наеднаш најголемиот експерт, ректор на универзитет, декан на геолошкиот и рударски факултет, академик Блажо Боев прогласува дека Бучим е рудник за бакар. Се поставува прашањето – каде е златото?. Ме интересира како наеднаш го снема, вели Грозданов.

Околу податокот дека три странски компании ги имаат петте рудници за олово, цинк, бакар и злато, како и мермерниот комбинат во Прилеп, кои сите лани имал над 250 милиони евра приход и профит од околу 47 милиони евра и како ќе се реализира експлоатацијата на рудното богатство со профитерството на странците, Грозданов вели дека сега не се разговара макроекономски, туку се разговара на чувствителна тема. Разговараме за измами.

-Ние имаме екологисти коишто лажат дека се плаќаат 2-3% ројалтис (надоместок за општината каде што се наоѓа рудникот, но вие таму имате многу други типови на трошоци. Иловица 14% ќе има импакт на дефицитот на Македонија кој 2,7 милијарди вра во моментов. Импакт – значи ќе го намали 14%. Кад с плати, струја, вода, багеристи, машини, гуми. На крајот на краиштата државата може да им направи многу сериозни услови да не може туку така да го вадат профитот.

Целиот разговор со Виктор Грозданов каде се отвораат и многу други теми погледнете го во видеото.