Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека ја докажал поврзаноста на директните извршители на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва и „украинските националисти“.
„Како резултат на работа со приведените терористи, проучување на техничките уреди запленети од нив и анализа на информации за финансиски трансакции, добиени се докази за нивната поврзаност со украинските националисти“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.
Се нагласува дека постојат докази дека извршителите на терористичкиот напад примиле „значителни суми пари и криптовалути од Украина“ кои, како што се наведува, биле искористени за подготовка на злосторството.